Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година

Двоцифрен раст на платите во земјава. За една година просечните примања се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двоцифрен раст на платите во земјава. За една година просечните примања се зголемиле за 10.5% или за речиси 5.000 денари и достигнале 45.276 денари.

Зголемувањето најмногу се должи на растот на платите во административните и помошните услужни дејности за 16.5 проценти, во образованието за 15 проценти и во здравството и социјалната заштита за 14.8 проценти.

Највисоки плати има во информации и комуникации – просечно 82.396 денари, финансиски дејности и осигурување со 61.623 денари и снабдување со електрична енергија, гас и пареа со 54.712 денари. Високи примања бележат и рударството со 54.881 денар и стручните, научни и технички дејности со 53.133 денари. Во јавниот сектор, просекот е 48.928 денари во јавната управа и одбраната, 45.928 денари во образованието и 49.524 денари во здравството и социјалната заштита. Најниски плати се исплатени во угостителството и сместувањето – 31.980 денари и во земјоделството со 35.095 денари.

Реклама

Премиерот Мицкоски вели дека тоа е добар сигнал, но и потсетник дека Владата мора да создава уште подобра бизнис-клима за да продолжи трендот.

„Никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш како Влада треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата“, изјави премиерот.

Тој оцени дека најновите податоци од статистика ги побиваат, како што рече, „тезите на опозициската СДСМ дека платите не растат и дека Владата ја задолжила државата“.

„Вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 проценти поголема од јули 2024 година, кој беше и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не растеле, туку се намалувале, не држи вода“, рече Мицкоски.

Тој додаде и дека заклучно со вториот квартал од 2025 година, за првпат по долго време, државниот долг е намален за 4 проценти, а јавниот за 2,7 проценти. Според премиерот, и ова покажува дека критиките на опозицијата дека се задолжуваат „неродените генерации“ паѓаат во вода.