Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Македонската полиција со нов изглед

Модерна, практична и европска – вака наскоро ќе изгледа македонската полиција. Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модерна, практична и европска – вака наскоро ќе изгледа македонската полиција. Министерството за внатрешни работи распиша тендер за нови униформи кои ќе ја заменат старата, застарена опрема и ќе им овозможат на полицајците да работат достоинствено и професионално.

Огласот е објавен на 19 септември 2025 година. Набавката опфаќа виндјакни со влошка, теренски униформи, чевли и чизми.

Во рамки на подготовките, МВР оствари технички дијалог со 13 компании кои пројавија интерес, при што биле земени предвид нивните сугестии и предлози.

Реклама

Постапката е отворена и транспарентна. Изборот ќе биде според најниска цена, а ќе се спроведе и електронска аукција. Договорот ќе трае 12 месеци, а предвидена е гаранција од 5 проценти за квалитетно извршување. Тоа значи дека избраната компанија ќе мора да обезбеди финансиска гаранција во висина од пет проценти од вредноста на договорот, како осигурување дека ќе ја заврши работата навреме и согласно стандардите.

Условите за учество бараат понудувачите да имаат чиста правна состојба, платени даноци и придонеси и технички капацитет за производство. За делот со виндјакни се бараат најмалку 50 лица персонал и 2 лица за контрола на квалитет, а за теренските униформи 100 лица персонал и исто така 2 лица за контрола. Потребна е и потврда за барем една слична испорака во последните пет години.

Понудите се поднесуваат најдоцна до 20 октомври 2025 година, кога ќе се одржи и јавното отворање. Прашања може да се достават до 12 октомври, а одговорите ќе бидат објавени до 14 октомври. Понудите ќе важат 150 дена.

Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани.