Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

„Дигитален самит на Западен Балкан“ на 1 и 2 октомври во Скопје, вештачката интелигенција и 5G и оптичката инфраструктура меѓу клучните прашања

Вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристап на регионалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристап на регионалните компании до единствениот европски дигитален пазар, ќе бидат само некои од прашањата што ќе ги отвори годинашниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан“ што ќе се одржува на 1 и 2 октомври во Скопје. Како што рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Самитот ќе биде организиран на две сцени, главна и технолошка, со три носечки приоритети: дигитален паричник – сигурен и препознатлив пристап до јавни и приватни услуги, интероперабилност – поврзување на системи и регистри за прекугранични електронски услуги и сајбер-безбедност – заштита на личните податоци и критичната инфраструктура, а се очекуваат повеќе од 800 учесници и говорници.

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.

-Ова регионална платформа ги поврзува владите од регионот, деловната заедница, академијата и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Ќе присуствуваат министри од Црна Гора и Албанија, високи претставнци од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, високи претставници на Европската комисија, Регионалниот совет за соработка (RCC), ITU, бизнис секторот од регионот и други меѓународни организации. Меѓу најважните гости и говорници ги очекуваме и Ренате Николаи (DG CONNECT), генералниот секретар на RCC Амер Капетановиќ, заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) Томас Ламанускас, видео-обраќање од Томас Јарзомбек (Парламентарен Државен секретар на СР Германија), како и од приватниот сектор Свјатослав Сењута од VISA, Марк Васич од Дојче Телеком и Кејт Марш од British Council, информира Андоновски на прес-конференција, најавувајќи го Самитот.

Според него, Самитот има исклучително значење зашто ќе ги продолжи напорите за натамошно намалување на роаминг трошоците WB6–ЕУ со патека кон „роаминг како дома“, за нула трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан во ЕУ.

Реклама

Регистрацијата за учество на Самитот е веќе отворена преку официјалната веб-страница: https://digitalsummitwb6.com/.