Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица се разобличи одвнатре, парите од партиската сметка завршувале на личните сметки кај раководството

Левица грчевито се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од вистината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица грчевито се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од вистината. Обвинувањата на Левица за наводен неовластен упад во нивните банкарски сметки се очаен обид за прикривање на вистината, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците кои излегоа во јавноста за трансакциите од партијата кон личните сметки на раководството се од свиркачи од јадрото на Левица кои се разочарани, кои одвнатре ја гледаат хипокризијата на партијата, двојните стандарди и лицемерието на раководството.

Левица потврди дека партијата не се води по идеолошки принципи, туку исклучиво заради  финансиски интереси на тесен круг привилегирани поединци.

Реклама

Левица под плаштот на идеологијата и празната реторика дека се скромни, чесни и неподмитливи всушност се обидуваат да прикријат дека партијата им функционира како приватна фирма од која се богатат поединци.

Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека од говорница глумат револуционери и борци, во реалноста ја користат партијата како инструмент за лично богатење и билдање на приватните трансакциски сметки.

Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата.

Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

Јавноста го виде вистинското лице на Левица кои под закрила на идеологија, покажаа дека всушност се добар бизнис проект за полнење на сопствените џебови.