Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Меџити: Ставот на владината коалиција е дека нема потреба од предвремни избори, ДУИ нема морално право да критикува

Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

Како што истакна Меџити, ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец.

-Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години кога раководеше и со МНР, но ни милиметар не ги раздвижи работите во правец на европска интеграција. Затоа нема морално право да критикува или да зборува на оваа тема, а Владата останува посветена и еден од највисоките приоритети е токму европската интеграција, подвлече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по прмотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник.