Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници ја оправдаа довербата од граѓаните

Викторија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ на денешната пресконференција нагласи дека локалната власт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викторија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ на денешната пресконференција нагласи дека локалната власт предводена од владејачката структура ги вратила општините на вистинскиот пат по блокирани сметки и големи финансиски проблеми.

Според податоците што ги презентираше, од 2021 година до денес се изградени и реконструирани над 770 километри патишта во вредност од 100 милиони евра, поставени 138.000 метри водоводна и канализациона мрежа и изградени 12 пречистителни станици. Повеќе од 400 училишта се реконструирани и модернизирани со услови за едносменска настава, а учениците од прво до петто одделение во дел од општините добија бесплатна храна и летување. Дополнително, на училиштата се поставени фотоволтаици, а во делот на социјалната заштита беа реконструирани 70 детски градинки и изградени нови, со инвестиции над една милијарда денари.

Андоновска потсети дека во последните 15 месеци централната власт вложила 500 милиони евра во капитални проекти за локален развој преку два јавни повици, на кои општините поднеле стотици апликации.