Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Отровниот воздух и увозот на отпад го гушат Скопје

Вардариште, Дрисла, Шутка, Трубарево само долеваат масло на огнот на веќе отровниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вардариште, Дрисла, Шутка, Трубарево само долеваат масло на огнот на веќе отровниот воздух со кој се соочува Скопје со децении. Труењето одо овие пожари само наговестува дека и оваа зима, како и изминтаите скопјани ќе имаат проблем да земат здив од чист воздух. Метрополата секоја година се наоѓа на врвот на топ листите за најагадени градови во светот. Причините ги знаеме одамна – главни загадувачи се домаќинствата, индустријата и сообраќајот. Според Европската унија, најголем проблем со токсичниот воздух кој го вдишуваат граѓаните е застарениот систем за греење кој мора да се модернизира.

Италијанскиот амбсадор во земјава, тврди дeка Македонија е подготвена и мора да одоговри на проедизвиците со загадувањето, затоа што сите земји кои целат да влезат во ЕУ треба да ги зајакнат стандардите за квалитетен живот на граѓаните.

Европската унија ќе помогне во изработката на статистички податоци на Државниот завод за статистика, со цел да се дефинираат правците за креирање политики во борбата против загадувањето на животната средина.

Реклама

Општо познато е дека во Македонија има увоз на отпад од ЕУ и од регионот, според извештајот од Министерството за животна средина изминативе години пристигнале илјадници тони отпад. Меѓу нив тони алуминиум,бронза, месинг, маст и масло за јадење. 

Најголемиот дел од металите се увезени од Бугарија, Косово, Србија и Швајцарија. Од Италија пристигнале 1.500 тони олово, а од Сараево 2.000 тони алуминиум. Македонска компанија од Кина увезла 5.000 тони бакар, бронза и месинг, а од Приштина во земјата влегле 1.000 тони масти и масла.