Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

МЕРМС: Усвоен Законот за енергетска ефикасност, пониски сметки, почист воздух и европски стандарди

Собранието на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Со оваа одлука, земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места, информираат од Министерството за енергетика.

-Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција, посочуваат од Министерството за енергетика.

Како што истакнуваат, клучни новини од Законот се: воведување на европскиот принцип „Енергетска ефикасност на прво место“; долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти; тројно зголемена заштеда во јавниот сектор – задолжителна реконструкција на најмалку 3% од јавните згради годишно; задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции; финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии; високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли; и вклучување на сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижности и поттик за меѓуопштинска соработка.

Реклама

-Со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање на одржлив енергетски систем, порачуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и додаваат дека остануваат посветени на целосната реализација на реформите во енергетскиот сектор и на усогласување со европското законодавство.