Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори, смета Мицкоски

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека целта на коалицијата помеѓу Левица и ДУИ за локалните избори во општините Тетово, Гостивар и Струга е раслојување на антидуи гласовите во тие општини. Единствениот сојузник кој во моментов се обидува да и фрли гума за спасување на ДУИ е Левица, вели Мицкоски, нагласувајќи дека ДУИ на овие избори ќе освои многу малку градоначалници.     

-Потегот на политичката партија Левица да извади свои кандидати во општините Тетово, Гостивар и Струга и тоа да го брендира дека не ја заборавиле Западна Македонија, а притоа да не извади свои кандидати на пример еве во Јегуновце, Теарце и во другите општини, бидејќи Западна Македонија не е Струга, Тетово и Гостивар туку има и други општини, доволно говори дека нивната цел е координирана со ДУИ за да дојде до дисипација, раслојување на антидуи гласовите во тие општини затоа што ДУИ сфаќа дека во тие општини не може да победи и разбира дека ќе биде поразен на овие локални избори односно ќе има многу мал, незначителен број на градоначалници и единствениот сојузник кој во моментов се обидува да фрли гума за спасување е Левица, рече Мицкоски.

Ние знаеме, не сме од вчера во политиката, вели премиерот, дека шансите за да победи кандидатот за градоначалник на Левица во Гостивар или во Струга не се ни теоретски, но доколку би извадиле кандидат за градоначалник да речеме во Велес или во Штип се на ниво на теорија.

Реклама

-Вистинското прашање е зошто еве во родниот град на претседателот на Левица немаме кандидат, зошто во Штип кој што е роден град на уште еден член на раководството на Левица немаме кандидат за градоначалник, токму во Општините Тетово, Гостивар и Струга каде што е јасно дека кандидатите на ДУИ ќе бидат поразени бидејќи е огромно мнозинство и сентимент кај жителите во тие општини и расположение антидуи. Нормално својот стар коалициски партнер со кој функционираат и во Собранието од време на време и во Градот Скопје го повикува на помош, а тој е секогаш тука да фрли гума за спасување тогаш кога на Али Ахмети и на другарчињата им е тоа потребно, рече Мицкоски, кој беше во посета на Јегуновце.