Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стефановски: Пожарите се смислено сценарио за да се добијат политички поени пред избори

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефановски смета дека се работи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефановски смета дека се работи за смислено сценарио за опожарување на објекти со цел да се добијат политички поени пред локалните избори. Стефановски во изјава за медиумите рече дека доказ за тоа се видео снимките што денеска излегле во јавност. 

– Во ноќните часови имавме случај во кој два одделни сервиси за автомобили беа опожарени. Видовме виео снимки во медиумите на коишто се гледа како лица свесно влегуваат, полеваат со бензин и ги палат овие сервиси така што ова е уште еден доказ за она што го говоревме деновиве дека се работи за смислено сценарио што некој размислува дека ќе му донесе некакви политички поени на овие локални избори, изјави Стефановски. 

Задоволен е што за релативно кратко време е изгаснат пожарот во Трубарево и апелираше до оние кои на ваков начин сакаат да предизивкаат вознемиреност кај граѓаните, да не го прават тоа. 

Реклама

– За 15 часа е локализиран пожарот. Пред неколку години имавме сличен пожар во близина на Мадрид, четири дена имаше огнена стихија таму. Морам да апелирам до оние кои на ваков начин сакаат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните или да покажат некапацитетност на институциите, да го заборават тоа затоа што не вреди здравјето на граѓаните да го ризикуваме за некакви дневно-политички поени, рече Стефановски.