Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Рекорден број на кандидатури за локалните избори, неизвесна излезноста на граѓаните

Локалните избори 2025 ќе донесат повеќе кандидати и советнички листи отколку во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните избори 2025 ќе донесат повеќе кандидати и советнички листи отколку во претходниот циклус. На државно ниво, до Државната изборна комисија се поднесени 312 кандидатури за градоначалници и 575 советнички листи. За споредба, на изборите во 2021 година имало 299 кандидатури за градоначалници и 571 советничка листа.

Од ДИК сите поднесени кандидатури се во постапка на проверка.

„Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата, односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до ДИК за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати најдоцна на 20 септември 2025 година“, појаснуваат од Комисијата.

Реклама

Најголем интерес, како и секогаш, предизвикува трката за Град Скопје. Таму годинава ќе се натпреваруваат 18 кандидати за градоначалник, а поднесени се и 20 советнички листи. Во 2021 година, бројките беа пониски – 12 кандидати за градоначалник и 15 листи за Советот на Градот.

Во вториот круг од тие избори, победата ја однесе независната кандидатка Данела Арсовска, која стана првата жена градоначалник на Скопје со освоени 86.745 гласа – највисока поддршка во апсолутни бројки на тие избори.

На спротивната страна стојат малите рурални општини каде што и неколку стотици гласови беа доволни за победа. Во Зрновци изборот беше решен со само 781 глас, во Лозово со 783, а во Вевчани со 856 гласа.

Кога се гледаат резултатите во проценти, контрастот е уште поочигледен. Во Кичево, Тетово, Центар, Струга и Куманово, победниците во 2021 година едвај ја преминаа границата од 50 проценти и победија со минимална разлика. Од друга страна, во Лозово, Зрновци и Вевчани, поддршката за победниците надмина 85, па дури и 90 проценти од гласовите.

Разликите не се гледаат само кај кандидатите и резултатите, туку и кај излезноста. Според ДИК, на локалните избори во 2017 година излезноста беше околу 59,5%, односно гласале над 1.070.000 граѓани. Во 2021, излезноста падна на 51,44%, што значи околу 898.000 гласачи. Тоа е пад од точно 172.000 гласачи за само еден изборен циклус.

Јасно е дека излезноста паѓа. Прашањето е – дали на овие избори ќе продолжи истиот тренд, или граѓаните ќе излезат во поголем број да го кажат својот избор?

По завршувањето на проверките, ДИК ќе ја објави целосната листа на потврдени кандидати по општини. Ждрепката за редоследот на листите ќе се одржи најдоцна на 25 септември.

Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври, а вториот ќе се одржи на 2 ноември. Изборната кампања официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање.