Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДСМ продолжува, Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска

Лицемерието на СДСМ продолжува. Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицемерието на СДСМ продолжува. Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. 

Додека навидум изразуваат загриженост зад кулисите, надвор од очите на јавноста се расположени и лабави, уживајќи во придобивките на животот кој Зоран Заев им го донесе.

Оттука вчера на забавата на општина Центар каде пола раководство на СДСМ расположено  играше и пееше сред Центар, Богданка Кузеска заборави дека не носеа маски и заборавија на паниката која ја шират и лажната грижа за граѓаните.

Реклама

Ваквото лицемерие на СДСМ е прочитано од граѓаните.

Овие нивни прес-конференции кои се лажни, дволични се само одраз на забеганоста на нивното раководство кое додека штанца непромислени соопштенија и прес- конференции, не може да сфати дека не живееме сите на Марс како нивното раководство, и се гледаме низ Скопје, а гледаме и колку се загрижени за ситуацијата.

Тоа што е најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДСМ и ДУИ стојат за подметнатите пожари пред избори (кои никогаш ги немало минативе години). Е тогаш ќе им требаат маски бидејќи Идризово е блиску до Трубарево.