Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла откако таму избувна пожар

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој што се уште има чадење.

-По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени разговори со вработените. Проверките продолжуваат и понатаму, информираат од полицијата. 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето.

Реклама

– Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот ден добар дел од ова место да биде целосно затрупано. Побарав дополнителна механизација затоа што како што напредуваме со овие земјени патишта се отвора простор за поширок фронт за работа, за повеќе машини. Ангажирани се и повеќе патроли на полицијата, кои патролираат во околината и овде на депонијата „Дрисла“ и на депонијата Вардариште, рече Ангелов на денешната прес-конференција пред депонијата „Дрисла“.

Ангелов потсети дека вчера изработиле два пристапни земјени патишта низ заезерувањето од отпадна вода од самата депонија, која е длабока околу 1, 5 метар и која, како што рече, ги спречувала да дојдеме до самото место каде се случува чадењето. Потенцира дека нема горење, туку само чадење.

Депонијата Вардариште во овој момент е стабилна, нема никакво горење, но дополнително се работи на затрупување на местото каде изминатите денови чадеше. Во текот на ноќта бил употребен дрон со термална камера и биле поставени термални камери на неколку соодветни места со кои се набљудува просторот за евентуално да се пресретнат лица кои злонамерно би се движеле овде, со намера  да ја запалат повторно, односно да го зголемат чадењето во депонијата.