Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата

Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. 

Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби.

Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерaте, ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби.

Реклама

Имено, на ден 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето, од партиската каса за приватни цели, можеби ја реновирал кујната. На 14.04.2022 година, земал 25.480 денари, потоа на 12.07.2022 година, земал 27.300 денари, па на 19.08 истата година – 24.050 денари, и така натаму и така натаму, за да Апасиев достигне до сума над 700 илјади денари средства земени во неговиот џеб од сопствената партија.

Почитувани, крајно лицемерно е Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија. Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек како Апасиев да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време.