Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Трипуновски: Реколтата пченица речиси ги задоволува домашните потреби, нема потреба да зависиме од увоз

Со преку 280 000 тони пченица од годинашново производство, речиси ги задоволуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со преку 280 000 тони пченица од годинашново производство, речиси ги задоволуваме домашните потреби и годинава нема потреба да зависиме од увоз, изјави во Прилеп министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој денеска присуствуваше на манифестацијата „Млеко 2025“.

Годинава се зголемени површините со пченица и родот е квалитетен и доволен за домашните потреби.

-Со добриот квалитет, со квантитетот што го постигнуваме, Македонија ќе застане на сопствени нозе, нема потреба да зависиме од увоз на пченица од соседните држави или од други земји, туку, нашите земјоделци ќе произведуваат за нашите преработувачки капацитети. Министерството и Владата се на располагање, овие квалитет и квантитет да ги отсликаме за наредната, 2026 година, рече Трипуновски.

Реклама

Според Министерот Трипуновски, сериозно добриот квалитет на пченицата  е прифатлив за мелничко-пекарската индустрија, а и стоковите резерви се од домашна пченица.

-Оваа година имаме сериозно добар квалитет, кој е прифатлив за нашата мелничко пекарска индустрија и тоа значи дека нема потреба повеќе оваа година да бидеме зависни од увоз. Направивме напори стоковите резерви да ги полниме со домашна пченица, а за наредната година ќе интервенираме токму во жетвата кога ќе се учествува во регулација на откупната цена, рече Трипуновски.

На прагот на есенската сеидба ќе се настојува да се задржат годинашниве квалитет и квантитет на пченицата. Ќе претстојат низа средби со земјоделците.

– Планиаме одредени модификации за ова производство да го стабилизираме и по можност да го зголемиме. Ќе разговараме за програмата за 2026, за семенскиот материјал, за некаква дополнителна поддршка, со цел овој стратешки производ да го одржуваме бидејќи е многу важен за нашата држава и ова ниво на производство треба да го одржиме. Владата и министерството се партнери на земјоделците, така ќе продолжиме и во наредниот перид, изјави во Прилеп министерот Трипуновски.