Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град. Како што посочувам неколкупати досега,  веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие воздухот и соодветен третман на гасот. Во спротивно, може да дојде до експлозија, наведува Каја Шукова – кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Скопје во изјавата за медиуми, што МИА ја пренесува интегрално.

Загрижува молкот на раководството на Дрисла. Граѓаните имаат право да знаат: како депонијата моментално се справува со проблемот? Кое решение го имаат? И каде го депонираат новиот отпд во меѓувреме?

Слушаме дека е формиран некаков кризен штаб. Но за вистинско решение се потребни натпартиски луѓе, експерти кои со години имаат искуство со менаџирање и управување со отпад.

Реклама

Битни се граѓаните и битно е веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот.

Не како што прави Орце Георгиевски, не како што прави ВМРО-ДПМНЕ, со бегање од народот и без преземање мерки чадот и опасноста од Дрисла нема да се решат.

Фактичката состојба најдобро покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неспособна. Ветуваа паркови, ветуваа јавно-приватно партнерство за лични бизниси и профит, а вистинско решение за справување со отпадот нема.

Затоа, предлагам веднаш да се формира натпартиски стручен штаб и да се делува по план. Јас веќе разговарав со неколку експерти, тие се подготвени да помогнат.