Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

🎥 Молк од Обвинителството: Кога влегле во АР, до која фаза е постапката и дали има осомничени разузнавачи во Македонија?!

Пред колку време обивнителите влегле во Агенцијата за разузнавање? До која фаза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред колку време обивнителите влегле во Агенцијата за разузнавање? До која фаза е постапката? Дали можеби има осомничени разузнавачи? Молк од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на овие прашања на телевизија Алфа.

Она што засега го знае пошироката јавност е дека обвинители и инстражители влегле во македонското разузнавање пред неколку месеци. Одземена била документација и материјали, па народните избраници, воопшто не можеле ниту да извршат увид во дел од нив, затоа што се во обвинителска постапка.

Покрај во разузнавање, се уште не е познато да каде е постапката на обвинителите и во Агенцијата за национална безбедност.

Реклама

Инаку, во текот на оваа недела шест пратеници, членови на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, кои поседуваат безбедносен сертификат, беа во посета и увид на двете агенции. Ова доаѓа откако беше објавен скандалот дека во периодот од 2019-та до 2024-та година имало нелегално следење и прислушување.

Според информациите во прв ред најследен бил актуелниот премиер, тогаш лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, контроверзната поранешна шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, бизнисменот Орце Камчев, новинари и други јавни личности.

Поради овие сомнежи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на почетокот на минатиот месец отвори предмет, кој е во предистражна постапка, но повеќе детали не можеа да соопштат поради тајноста на документите.

Матеја Петровски