Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Сета енергија и сиот фокус ќе ги ставам во насока на подобра Кисела Вода 

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода, беше гостинка во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Стаменкоска Трајкоска зборуваше за нејзината кандидатура, што според неа да се биде градоначалник значи голема пожртвуваност, фокус, енергија и посветеност.

,,Со сегашниот градоначалник и идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имавме многу тесна соработка. Ние  мораме да знаеме со какви проблеми е општината или делот од каде што живееме, бидејќи тоа е микросредина која што на нас ни е многу битна. Тоа е нашиот дом“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна дека да се биде градоначалник значи пожртвуваност, енергија, фокус и посветеност.

Реклама

,,Како таа енергија те храни за да издржуваш во тие тешки моменти, а секако многу тешка функција од аспект на тоа што бара навистина пожртвуваност, бара многу енергија, бара многу фокус посветеност и ред други работи“, кажа Стаменкоска Трајкоска и додаде:

,,Кога се разговарало пак за темата Град Скопје, јас секогаш сум знаела да кажам, Кисела Вода не ја оставам и склопот на сите околности. Во еден момент морам да признаам, предизвикот заради тоа што сум жена ми даде еден мотив да кажам од една страна, да навистина почнам да размислувам во тоа што значи да се биде градоначалник на една општина. Општина Кисела Вода е општина која што навистина заслужува многу треба многу треба многу за општина кисела вода ќе се прави“.