Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Увидот во Избирачкиот список завршува на полноќ

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори што ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори што ќе се одржат во октомври. На 13 септември на полноќ завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници, по што учесниците на изборите забрзано ќе ги започнат активностите околу изборната кампања.

На изборите што се закажани за 19 октомври ќе се гласа во 80 општини и во Градот Скопје, на вкупно 3.480 избирачки места.

Иако активностите на терен одамна се започнати и дел од кандидатите пред граѓаните веќе ги презентираат своите изборни ветувања, официјалната кампања ќе започне на 29 септември.

Реклама

Граѓаните јавниот увид можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК). Тие можат да поднесат писмено барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, како и по електронска пошта.

Увид во Избирачкиот список е овозможен и за затворениците.