Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МОН бара од Крстевски 50 наставници од Кочани да се вратат на работа

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација. со кој бара наставниците да продолжат со работа. 

Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука за формирање на паралелки со помал број на ученици, со тоа што таа ќе стапи на сила откако ќе пристигне дописот од МОН. 

Во своето писмено соопштение, в.д. градоначалникот Венко Крстевски, тврди дека таков документ до Општината се уште не е пристигнат, иако претседателот на Советот на денешната координација го покажал дописот од МОН. 

Реклама

– На образованието му е потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование, нагласува Венко Крстевски.

Во решавање на проблемот со 50 те наставници веќе две недели е вклучен и СОНК. Првиот човек, Јаким Неделков, се надева дека решение за наставниците ќе има до крајот на неделата. 

– Одговорот на МОН до градоначалникот јасно кажува дека треба ги формираат паралелките така како што биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Наставник по предмет Религија во ООУ„Раде Кратовче” од Кочани ни рече дека ваквата состојба за учениците значи непоправлива штета.

– Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене, изјави тој.

 Од СОНК сметаат дека кочанскиот случај е единствен во државата каде на наставниците кои се под надленост на општината не им се потпишува согласност за нови договори со училиштата.