Реклама
Македонија

Прв регионален спортски самит во Скопје

Скопје денеска е домаќин на првиот регионален спортски самит – настан кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје денеска е домаќин на првиот регионален спортски самит – настан кој ги обедини регионалните лидери, спортските легенди и бизнис заедницата. Вицепремиерот Александар Николоски порача дека Владата е сериозно посветена на создавање спортска инфраструктура, а министерот за спорт Борко Ристовски нагласи дека државата ќе инвестира во секој спорт и во секој талент.

Свој придонес дадоа и министрите од Србија и Црна Гора, кои потврдија дека спортот е најсилниот мост на регионалното поврзување. На самитот учествуваа и спортски имиња како нашиот Горан Пандев – фудбалерот кој испиша историја, поранешниот југословенски фудбалер Предраг Мијатовиќ и поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ.