Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

🎥 Манасиевски: Заев во 2017 година ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот

Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот. СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова која сега е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Град Скопје, сега повторно ветува средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните.

Прашуваме со кое лице, Шукова излегува повторно пред граѓаните и говори за Вардариште, кога таа изминативе 7 години, беше државен секретар и министерка во Министерството за животна средина, а притоа таму работи над 20 години. Со ова, Шукова е директно виновна за случајот со Вардариште.

Реклама

Кога Шукова не успеа за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и министер да го реши Вардариште, со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека дури сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем?

Да ја потсетиме јавноста, во време на СДС, локалната и централната власт ги тргнаа чуварските служби од Вардариште и од Дрисла.

Почитувани, СДСМ со Филипче, Заев и Шукова беа 7 години власт. Што тие направија за 7 години власт во делот на животната средина? Ништо.

Затоа граѓаните заслужуваат подобра животна средина и почист воздух, која ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски заедно ќе ја исполнат.