Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Азески: Со купување производи од „Макпрогрес“ вградуваме по една цигла во обновата на Винчини

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески во видео обраќање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески во видео обраќање пред членовите на Управниот одбор на Комората, по пожарот во компанијата „Винчини“, порача дека со купување производи од „Макпрогрес“ вградуваме по една цигла во обновата на компанијата.  

На седницата на Управниот одбор на Комората Азески кажа дека е формиран кризен штаб и дека е донесена одлука во петок да ги свика на состанок на Комората сите ланци на маркети и претставниците на најголемите здруженија на Комората на која ќе се упати апел за купување на производи на „Макпрогрес“.  Преку купување на производите на „Макпрогрес“ во следниот период, додава тој, а согласно и повиците на социјалните мрежи обединувањето на овој начин треба да стане пракса за вакви ситуации кои за жал оставаат сериозна трага по различни основи врз функционирањето (општествени, лични, економски и сл.).

-Таа солидарност која извира од бизнисот поддржана и од граѓаните бара и апелираме секој со своите можности да учествува и да купи производи од Макпрогрес и со тоа практично да вгради по една од овие цигли во обновените погони што менаџментот на „Макпрогрес“ тврди дека ќе биде обновен во најбрзо време што е можно и ставен во функција. Стопанската комора ќе пружи максимални напори на поддршка во сите сегменти за сите барања што ќе ги испорача фабриката, рече Азески. 

Реклама

Најави дека во петок на состанокот во Комората ќе присуствува и сопственикот на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов кој, како што рече Азески, ќе изнесе детали врз основа на кои потоа ќе се градат стратегии.   

Како што наведуваат од Стопанската комора, ситуацијата со „Макпрогрес“ доаѓа во период кога се иницира кампања за промоција на „Македонско најдобро“, за која ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипунов на работна средба со претставниците на бизнис секторот предводена од претседателот на Комората Азески потенцираше дека оваа кампања има за цел да ја подигне националната свест за домашниот производ.

По направените анализи на економските показатели кои во еден дел покажуваат надолен тренд, Владата осмисли и започна кампањата насловена како „Македонско најдобро“ со цел да се подигне свеста кај купувачите за домашните прехранбени производи и стимулира домашното производство. Така, делувајќи заеднички – Владата, министерството и бизнис секторот, ќе се врати довербата во нашето знаење, во нашата рака и во нашиот потенцијал, а парите ќе завршат во домашната економија. Владата ќе ја има својата улога во промовирање, поддршка и создавање на погодна бизнис клима, компаниите ја имаат својата улога во создавање на квалитетни производи, а ние, како граѓани, ја имаме најважната улога: моќта да избираме, посочуваат од Комората.

На почетокот со кампањата беа опфатени само производителите на примарни производи, но сега-во следната фаза, ќе биде опфатена и преработувачката индустрија.

Претседателот на Комората Азески истакна дека ни недостасува цел, а тоа е зголемување на бруто домашниот производ. Само на тој начин ќе ја размрдаме домашната економија. Ова не е повик за затворена економија, туку за отворена самодоверба. Оваа кампања е повик на сите нас – влада, бизнис и граѓани – да се здружиме околу заедничка цел: просперитетот на нашата земја, вели тој.