Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Запален автомобилот на поранешниот директор на ЗОО-Скопје Ѓорѓи Галетановски: „Автомобилот е пепел, сторителот е виден како бега“

Два часа по полноќ, во скопската населба Кисела Вода, запален е автомобилот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два часа по полноќ, во скопската населба Кисела Вода, запален е автомобилот на Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ во Скопје и поранешен директор на Зоолошката градина. Станува збор за возило „Мерцедес“ кое било паркирано пред зградата каде што живее.

„Се слушна силна експлозија. Не сум скаран со никој, ниту сум замерен. Сум немал никакви закани. Апелирам до Министерството да го најде сторителот, го виделе како бега – слаб, висок, со дуксер и тоа, не поради финансиски побуди, туку за сите кои останавме да живееме во Скопје да се чувствуваме сигурно“, објави Галетановски на социјалните мрежи.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната служба, а увид извршиле и полициски службеници.