Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Филипче положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски и премиерот Кљусев

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, претседателот на Социјалдемократскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, и генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, положија цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот премиер на државата, Никола Кљусев, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Со овој чин, СДСМ ја изразува својата благодарност и почит кон државниците кои со својата посветеност и визија оставија траен белег  во создавањето на  независна, суверена и демократска Македонија. Нивната мисија не беше лесна, но благодарение на нивната мудрост и државнички пристап, успеаја да го трасираат патот кон стабилна, современа и просперитетна држава.

Претседателот Филипче посочи дека Глигоров, Трајковски и Кљусев го трасираа патот по кој и денес чекориме, пат кој не смееме да го напуштиме, во 1991 се изборивме за независност, денес мора да се избориме за подобра иднина. Тоа не е ниту лесна, ниту брза борба, но е борба вредна за сите граѓани на Македонија, рече  Филипче.

Реклама

Одбележувањето на Денот на независноста не е само потсетување на минатото, туку и обврска за иднината – заедничка, праведна и европска Македонија.