Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Честитка од претседателот на СПМ, Љупчо Димовски, по повод Денот на независноста

Нека ни е честит Денот на независноста на Македонија!, пишува во денешното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нека ни е честит Денот на независноста на Македонија!, пишува во денешното соопштение на СПМ, како честитка на претседателот на СПМ, Љупчо Димовски.

Ова е ден на кој на посебен начин ја изразуваме љубовта кон нашата Татковина Македонија.

Пред 34 години, сплотени во намерата да бидеме само и единствено свои, македонскиот народ на нашиот трет Илинден, храбро, решително, одлучно и одговорно го оствари вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Македонија.

Реклама

Држава Македонија како заокружување на вековната борба на македонскиот народ за свое сопствено парче земја.

Македонија не може да се гради врз други темели освен асномските и оние поставени со референдумот за независност од 8-ми Септември 1991.

Денес да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска. Обврска да се чува наследството за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци.

Затоа да не им го одземаме на нашите наследници она што ни го оставиле нашите претходници. Затоа што знаеме кои сме, знаеме што сакаме да сме. Затоа што знаеме каде, знаеме дека сакаме само тука да бидеме. Затоа што знаеме што имаме знаеме што сакаме да сочуваме и да стекнеме.

Среќен да ти е 34тиот роденден Татковино!

Си била и ќе бидеш Македонија!

Да ни е вечна и вековита Македонија!

Да живее Македонија!