Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана.
Како што информираат од Министерството за европски прашања, Муртезани ќе се обрати на панелот насловен „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“.
