Реклама

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Македонија

Меџити: Субвенции за енергетски фасади на зградите во општина Чаир

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес го презентираше сеопфатниот концепт за енергетска
ефикасност на колективните згради, во рамки на неговата платформа како кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, се вели во соопштението од Изборниот штаб на Изет Меџити.

Настанот се одржа пред колективна зграда која веќе е во процес на обнова со енергетски фасади, каде што Меџити нагласи дека овој проект означува
почеток на урбаната трансформација во Чаир, со цел секоја зграда која нема енергетска ефикасност да може да добие субвенции за нова, енергетски ефикасна фасада.

– Ова не е само естетско прашање, туку прашање на достоинство и квалитет на живот, истакна Меџити, додавајќи дека придобивките директно ќе се
почувствуваат во семејниот буџет преку пониски сметки за енергија и подобри услови за живеење.

Реклама

Претставениот план вклучува и четири специјални мерки, кои имаат за цел значително зголемување на енергетската ефикасност и поддршка на
најранливите категории граѓани:

– Посебен општински фонд за енергетска ефикасност, за директна помош на пензионери, самохрани родители и семејства со ниски приходи, кои покрај
фасадата ќе можат да ги заменат и прозорците и покривите.

– Зелени училишта, преку реновирање на образовните институции со соларни панели, термичка изолација и ефикасно осветлување

– Забрана за прекин на електрична енергија за ранливи категории, согласно новиот Закон за енергетика, кој веќе е усвоен

– Поддршка за граѓаните во формирање на енергетски заедници, кои ќе можат заеднички да произведуваат и користат електрична енергија од обновливи
извори.

Меџити исто така потенцираше дека овој план ќе биде конкретна и долгорочна инвестиција за жителите на секое маало во Чаир.