Реклама

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Македонија

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

На болничко лекување во моментов во кочанската Општа болница се наоѓаат четири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На болничко лекување во моментов во кочанската Општа болница се наоѓаат четири лица повредени во пожарот во “Макпрогрес” што изби синоќа во Виница, информира за МИА в.д. директорката Катерина Паниќ Мирчовска.

-Четворицата се со полесни изгореници на долните екстремитети. Пожарникари се и нивната состојба е стабилна, рече таа.

Според Паниќ – Мирчовска врз повредени во пожарот во фабриката за кондиторски производи кои беа донесени во болницата, извршени се дополнителни дваесет интервенции, по што сите се пуштени дома.

Реклама

-Најзагрозените веднаш се препратени на Клиниката за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Се работи за осум лица, нагласи в.д. директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Ниту еден од повредените во синоќашниот пожар во фабриката “Макпрогрес” кој бил примен во Болницатс во Кочани не се наѓа во животно-загрозувачка состојба.

Претходно, утрово од Кочанската болница за МИА изјавија дека вкупно 18 лица биле примени синоќа во болницата со повреди здобиени во пожарот во фабриката за кондиторски производи во Виница, од кои дел се задржани во Кочани, дел се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли Макпрогрес во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони  6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.