Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата  кандидатура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата  кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана и модерна заедница, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дадената доверба по втор пат и поддршката од моите сограѓани ме обврзува Гевгелија да продолжи да се развива како успешна модерна и урбана заедница, со многу работа, со многу труд и енергија, заедно со мојот тим успеавме да се справиме со предизвиците и да реализираме повеќе проекти од сите сегменти на денешното живеење. Работевме таму каде што најмногу ѕтребаше и докажавме дека кога се работи посветено резултатите се гледаат насекаде и им служат на сите“, рече Сарамандов.

Градоначаникот Сарамандов истакна дека се работат многу проекти за уште посилна Гевгелија, притоа потенцирајќи дека сето тоа е постигнато со одговрно и транспарентно работење кое ќе продолжи во иднина.

Реклама

„Гевгелија чекори напред со нови стандарди, поголема функционалност и визија. Во моментот заедно со вас граѓаните ја подготвуваме програмата за престојните локални избори. Гевгелија ќе чекори уште посилно, уште посигурно и уште побрзо напред и имаме план енергија и заедништво. Заедно покажавме што значи одговорност и посветеност, а заедно ќе ја испишеме и следната победничка приказна“, вели Сарамандов.