Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Трипуновски за барањата на опозицијата за измени во Законот за вино: Се работи за елементарно непознавање, Владата работи на подобрување на количините, квалитетот и цената на грозјето

Мислам дека се работи за елементарно непознавање, такви интервенции не се ставаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мислам дека се работи за елементарно непознавање, такви интервенции не се ставаат во закон. Вака одговори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во Кавадарци, на новинарско прашање, околу измените во Законот за вино, што ги предлага СДСМ. 

– Има други механизми што треба да се преземат и мислам дека лидерот на опозицијата од неговите соработници е ставен на еден тенок мраз каде што практично презема активности што не се по процедурите. Она што е важно, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, Министерството, сериозно работат во подобрување на количините што треба да ги собереме, во квалитетот, во цените што ги истакнуваме. Тоа се показатели и првичните берби и она што е како квалитет собрано од македонските лозови полиња, рече министерот Трипуновски. 

Притоа нагласи дека отануваат сериозно посветени. 

Реклама

– Крајот на бербата ќе покаже дека навистина сериозно имаме работено изминатата една година како Влада. Заедно во комбинација со вредните лозари кои ги имаме ширум нашата држава, ќе ја вратиме Македонија на пиедесталот во делот на квантитет на производство на винско грозје, а од тоа ќе произведеме многу квалитетно вино што ќе биде распространето ширум полиците во светот, подвлече Трипуновски. 

Претходно, во вторникот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со пратеничката група на партијата поднесоа предлог-закон за измена на Законот за вино, со цел, како што посочија, да се обезбеди вистинска и правична финансиска поддршка за лозарите.