Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски итно да истражат кој го извршувал следењето и кој ја дал наредбата за прислушкувањето

Правосудните органи веќе треба да се отрезнат и да се фатат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правосудните органи веќе треба да се отрезнат и да се фатат за работа. Народот не ги плаќа да се кријат зад паушални соопштенија и да молчат во моменти кога треба да се најгласни и најактивни во целосно расветлување на вистината. Јавното обвинителство до сега веќе требаше да отвори истрага за да ги истражи сите наводи на, до сега, најголемиот скандал за прислушкување и следење на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, обвинителството на Љупчо Коцевски со денови молчи по откривањето на скандалозното следење и прислушкување на Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на службите за безбедност и разузнавање во периодот на власт на СДСM.

Дали молкот на обвинителството и на Коцевски како негов прв човек, е затоа што тој знаел се, затоа што во периодот на прислушкување како обвинител бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерки?

Реклама

Во својата шема за опстанок на власт, СДСM ги вплетка не само службите, туку и јавното обвинителство, па цели пет години се што по нивна процена им го загрозува опстанокот на власт.

Затоа потребна е итна истражна постапка која ќе ја открие целата вистина и сите инволвирани лица, од извршители и помагачи, до оние кои ја дале наредбата за злоупотреба на службите со цел незаконско и неосновано следење на претседателот Мицкоски, како тогашен лидер на најголемата опозициска партија.

Одговорност за овој случај мора да има. Пред лицето на правдата да се изведат како извршителите, така и наредбодавците.

А, Коцевски и ЈО треба да си ја сработат работата и да даваат јасни и прецизни одговори на сите прашања, дилеми и основани сомненија.