Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Тројца обвинети за еколошки криминал на Вардариште: Нелегален отпад ја загрозувал животната средина

Дивата депонија Вардариште се наметна како една од главните теми во предизборитето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дивата депонија Вардариште се наметна како една од главните теми во предизборитето во Скопје. Продлужваат протестите на мостот „Блзинак“ со кој се бара нејзино итно отстранување.

Во меѓувеме Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца скопјани, осомничени дека на локацијата Вардариште создавале нови диви депонии со што го загрозиле животната средина и јавното здравје. Обвинителството побара притвор за сите тројца поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го повторат делото.

Станува збор за М.М. (54), А.А. (28) и Ф.А. (41), против кои Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави по брза постапка. Тие се сомничат за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Реклама

Според истрагата, осомничените подолг временски период, се до 2 септември оваа година, на улицата „Зендел Џемаил“ во близина на Вардариште, незаконски вршеле откуп и складирање на старо железо, акумулатори и други метални производи. Делувале без регистрирано правно лице, без деловна ознака и без дозвола за управување со отпад, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Обвинителството информираат дека тројцата осомничени отпадот го оставале, фрлале и транспортирале на непрописен начин, со што создале диви депонии кои значително го нарушиле квалитетот на почвата и воздухот, а со тоа предизвикале и потенцијална опасност по животот и здравјето на граѓаните.