Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата работеле да се одржат на власт Заев и Филипче

СДСМ не бирале средства и методи за да остане на власт колку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ не бирале средства и методи за да остане на власт колку што можат подолго. Злоупотребувале институции, државни средства и цел безбедносно разузнавачки апарат, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Со цел одржување на власт СДСМ ги ставиле во партиска функција за политички цели безбедносните служби да следат и прислушкуваат политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности.

Како тогаш најголема опозициска партија, СДСМ со помош на нивните кадри поставени во агенциите за разузнавање и за безбедност, пет години го следеле и прислушкувале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Реклама

Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки.

Со следењата и прислушкувањата сакале да го запрат нивниот пад од власт и да го придушат и замолчат секој слободен и кон нив критичен глас на новинарите и јавните личности, како и да уценуваат стопанственици.

Во периодот од 2019 до 2024 година, СДСМ владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт.

Трагично е да се гледаат СДСМ, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон.

Цели пет години, службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.

Уште потрагично е тоа што за сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките, кој е главната алка во синџирот на СДСМ за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Тоа е истиот тој Коцевски кого СДСМ толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување.

Бараме и очекуваме ЈО да се надмине себеси и за овој скандал од невидени размери да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите кои ги злоупотребиле институциите и ќе ги извади пред лицето на правдата.