Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова да не манипулира и да не се грижи, идниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот со Вардариште

Шукова во недостаток на идеи, план и визија за Скопје шири предизборни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шукова во недостаток на идеи, план и визија за Скопје шири предизборни манипулации. Шукова која до вчера беше министерка за животна средина не успеа да најде решение за Вардариште за денес да глуми загриженост. Шукова ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на кандидаткатата за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова.

Шукова да не се грижи, за Вардариште ќе има решение од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

И додека Шукова глуми спотер и кандидат во обид на СДС за Скопје би било подобро да размислува за обнова и консолидација на сопствените редови и партијата по силниот пораз што ќе го доживеат на локалните избори.

Реклама

Народот не верува повеќе во нивните лаги и „европски стандарди’’ зад кои го осиромашија народот изминатите години,  ја уназадија државата а институциите беа во колапс.

ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за Скопје со иновативни и современи решенија во урбанизмот, транспортот и животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ има план за систематско решавање на урбаниот хаос, трајни решенија за сообраќајниот метеж и модернизација на јавниот превоз, со цел Скопје конечно да добие функционален и одржлив систем.