Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, смета претседателката Сиљановска Давкова во однос на критиките од шефот на бугарската дипломатија во врска со иницијативата пред судот за оценување на Вториот протокол потпишан со Софија.
Таа потенцираше дека е непријатно да се коментираат вакви изјави, како и да се даваат коментари за работата на Уставниот суд, укажувајќи дека токму Уставниот суд решава дали има основ за проследување на доставените иницијативи.
