Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Филипче: СДСМ сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за декласификација

СДСМ сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за декласификација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. 

Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушкување, бидејќи преку лажни обиди за „декласификација“ сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност.

Реклама

Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи.

Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДСМ.

СДСМ, со овој однос јасно потврдува дека се плаши, а кога Венко Филипче зборува за „инфантилност“, тоа е исто како доктор Менгеле да зборува за права на пациентите или барон Минхаузен за етика и држење до зборот.

Нема поголем комплимент за нас од тоа марионетата на струмичкото семејство да не етикетира со погрдни зборови. Човек кој одамна го продал својот морал за неколку песни на Харис Џиновиќ и две кружења со јахта, и кој е заробен меѓу амбиции, базични инстинкти и заеднички бизниси со семејството кое го има киднапирано СДСМ.

Со оглед на чувствителноста на темата, неопходно е да се почитуваат строго пропишаните процедури. Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДСМ.