Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година е директно ‘обвинение’против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година е директно ‘обвинение’против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири. Овој извештај јасно го разоткрива нивото на корупција, некомпетентност и криминална неодговорност што владееше во Министерството за образование под раководство на ДУИ, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

3,4 милиони евра се потрошени за студентски дом во Тетово кој не функционира, без вентилација, без храна, без минимални услови за студентите. 18 милиони евра неплатени студентски кредити од 1998 година, без никаков напор за нивно решавање. 13 милиони евра за научни книги кои ниту се дистрибуирани ниту регистрирани, едноставно скапале во магацини. 2,9 милиони евра за студенти во странство, без стратегија за нивно враќање и нивно ангажирање во земјата.

Парите беа фрлени, младите беа напуштени. Напуштени градежни проекти од 2016 година, за кои се потребни уште 22 милиони евра за да се завршат, црна дупка за државниот буџет.

Реклама

Ова не се само административни пропусти. Ова е систематска кражба и организиран криминал против образованието! ДУИ ја уништи иднината на помладите генерации и го турна образованието во целосен колапс.

Но, ова не е единствениот неодамнешен скандал. За кратко време, два негативни извештаи од Заводот за ревизија ги разоткрија злоупотребите на функционерите на ДУИ: Овој извештај за Министерството за образование и Јетон Шаќири, и Извештајот за злоупотребите во организацијата на самитот на ОБСЕ во Скопјe, во времето кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи, уште еден доказ за неодговорност и недостаток на транспарентност во управувањето со јавните пари.

ВРЕДИ бара итна истрага и кривична одговорност за сите оние кои злоупотребиле јавни средства. Никој не е над законот. Времето на кражба во образованието и институциите е завршено.

ВРЕДИ носи крај на неказнивоста на ДУИ и почеток на вистинска одговорност!