Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДСМ го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски?

Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДСМ, поинаку тие и не знаат. Разликата во последниот случај е во тоа што ги злоупотребиле и ставија во служба на партијата едни од најзначајните институции кои треба да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, и тоа, поддржани и потпомогнати од судско обвинителската власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребиле Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност за да го следат и прислушкуваат претседателот Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени, јавни личности.

Со цел хајка и политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, како и замолчување на гласот на новинарите и уцена на бизнисмени во периодот од 2019-2024 година службите за безбедност и разузнавање работеле за СДСМ, наместо за државата.

Реклама

Сознанијата кои ги имаме говорат дека претседателот Мицкоски неосновано бил ставен на оперативна обработка од страна на службите под водство на кадри од СДСМ, со единствена цел за политичка елиминација.

АНБ и АР водени од кадрите на СДСМ како Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу ја следеле комуникацијата на претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење и неговото делување.

Слободата на говорот, на движење и делување се загарантирани со закон и Устав за сите граѓани на Македонија, додека ваквиот начин на злоупотреба на виталните безбедносни институции за следење на политичкиот противник се методи кои ја заробуваат државата и се спротивни на сите закони и прописи.

Овој случај сериозно ја нарушуваат демократијата, но и безбедноста на државата и граѓаните и ваквите методи се крајно тоталитарни, несвојствени за западните развиени демократии.

Но она што од друга страна ја запрепастува македонската јавност е молкот на Јавното обвинителство, иако сите овие информации ги има во подетална форма поткрепени со факти и докази.

Бараме ЈО итно да отвори случај и да бара одговорност раководните лица на институциите во тој период, како и нивните политички наредбодавци во врвот на СДСМ.

Освен одговорност, очекуваме и одговори дали сегашниот главен јавен обвинител, Љупчо Коцевски бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година?

Исто така треба да се одговори, кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали и дали со добиените информации се тргувало со влијание, се замолчувале новинари и се уценувале бизнисмени?

Со сето ова веќе станува јасно зошто СДСМ не гласаше за разрешувањето на Коцевски, а можеби и главно обвинителската функција му е награда за сработеното со ПИМ мерките?

Од друга страна Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и го злоупотребувале државниот систем и денес тие се дел од понудата на партијата.