Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

СПМ не го прифаќа предлогот на СДСМ за „црвени линии“

Социјалистичката партија на Македонија ја отфрла Декларацијата за ткн.црвени линии, документ понуден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија ја отфрла Декларацијата за ткн.црвени линии, документ понуден од СДСМ.

Сметаме дека СДСМ е најмалку повикан да манифестира загриженост за македонските национални и државни интереси затоа што токму оваа политичка партија го изврши историски најголемото предавство на македонскиот народ и македонската држава бришејќи ги и АСНОМ-ските темели на македонската државност, вградени и во современиот Устав на Македонија, се наведува во соопштениот на СПМ.

Повторно ќе потсетиме на претчувството од длабоките национални изместувања што ќе ги донесе враќањето на власт на СДСМ со ДУИ, проценката за нужноста од изработка на Сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси, пишан документ кој на политичлите партии им го понуди Социјалистичката партија на Македонија во февруари 2017 година. Особено потсетуваме на неразумното игнорирање и примитивното отфрлање од страна на СДСМ.
Ќе потсетиме и на Резолуцијата за заштита на националните интереси од 2021 година акламативно усвоена во македонското Собрание и од самите пратеници на СДСМ.

Реклама

Што е тоа што дополнително би го предложиле од СДСМ што не е вградено во споменатите документи? Уште позначајно е прашањето од каде СДСМ го црпи правото воопшто да отвара теми за кои го покажа својот апатридно анационален лик и недостатокот од основни чувства за припадност што веќе претставува траен белег за оваа политичка партија подеднакво на изјавата дека не им прилега манифестацијата на патриотски чувства.

Грижата за националните и државните интереси е грижа на македонскиот народ и граѓани, тоа веќе не претставува обврска на партијата која повеќе пати го има предадено сопствениот народ и држава.

Впрочем и самиот предлог повторно не го исклучува менувањето на Уставот, а со оставената можност за прекинување на ЕУ интегративниот процес, доколку се случи нова блокада што е сосема извесно и јасно наведено во Анексот 1 и 2, го прави понудениот документ несериозен, неодговорен и контаминиран со лицемерие.

Затоа што и со оваа понуда на СДСМ повторно, чекор по чекор, се остварува велико бугарската агенда на сметка на нашата заблуда во надежите за извесност на евроинтегративниот процес.

Социјалистичката партија на Македонија со чувство на одговорност и партија која во изминатиот период најдиректно ја почувствувала дволичноста на добрите намери на СДСМ предупредува на новата стапица која се поставува на македонскиот народ и со индигнација го отфрла предлогот за било каков заеднички документ, особено не со СДСМ и особено не на тема поврзана со заштита на македонските национални и државни интереси.