Реклама
Македонија

Жители на Аеродром на блокади на крстосница, додека не се реши дивата депонија Вардариште

Жителите на Аеродром најавуваат дека секој ден во 16 часот ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на Аеродром најавуваат дека секој ден во 16 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, додека не се среди проблемот со дивата депонија Вардариште, која гореше во неделата.

Решение бараат веднаш и велат дека не ги интересира што доаѓаат избори. За време на последниот пожар во Вардариште, од безбедносни причини исклучени беа далекуводите што ги напојуваат со електрична енергија населбите Аеродром и Лисиче, па граѓаните останаа без струја пет часа.

Со денови смрди од големиот пожар, во чие гасење учествуваа пет противпожарни возила. Денеска во 18 часот се собираат граѓаните, а на состанокот треба да ги договорат секојдневните протести. Тие се особено револтирани затоа што на 1 септември децата ги испратија на училиште во опасна смрдеа од изгорената депонија.