Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Две години затвор доби Сулејман Љамалари за напад на Данела Арсовска

Две години затворска казна за Сулејман Љамалари, напаѓачот на градоначалничката на Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години затворска казна за Сулејман Љамалари, напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. При соопштувањето на пресудата, судијката образложи дека обвинението е докажано надвор од секакво разумно сомневање. Таа нагласи дека делото е извршено врз функционер, за време на извршување на функцијата, што претставува директен атак врз државна институција. Дополнително, беше истакнато дека обвинетиот користел физичка надмоќ врз градоначалничката, со оглед на тоа што таа е жена.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, кога Арсовска била на терен во Чаир по пријава за бесправна градба. Според обвинението, Љамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал градоначалничката физички и вербално, нанесувајќи и телесни повреди и упатувајќи сериозни закани.

Во текот на судскиот процес, обвинетиот тврдеше дека не е напаѓач, туку жртва на настанот, и дека тој бил нападнат од Арсовска. Тој изјави дека само се обидувал да го тргне нејзиниот телефон за да спречи неовластено снимање и дека бил удрен со нога од страна на оштетената.