Реклама
Македонија

Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките со кои е прислипкуван претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање, го прислушкувале претседателот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува интегрално.

Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДСМ, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените.

Ова е скандал кој е од невидени размери. И тоа токму од партијата која на власт дојде со проект „Вистината за Македонија“. 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна.

Реклама

СДСМ како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ. И сега сигурно ќе се правдаат со разно разни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Но, реалноста е болна, а тоа е дека употребувале државен апарат за политичка елиминација.

Според сознанијата кои ги имаме, претседателот Мицкоски, неосновано и со една единствена цел – политичка елиминација, бил ставен на оперативна обработка од страна на службите кои ги воделе кадри на СДСМ.

АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу, го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување.

Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси, е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години.

Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање, му било загрозено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДСМ.

Овие сознанија кои ги имаме ние, но и во многу подетална форма, поткрепена со факти, ги има и ЈО.

Наместо молк, очекуваме одговори и одговорност. Наместо летаргија, одлучна акција.

Прашања на кои мора да одговорат се:

  1. Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДСМ и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДСМ.
  2. Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?

Бараме ЈО итно и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДСМ.

Тоа што во Македонија било пракса 5 години, а од кое му се гади на секој нормален човек, мора да биде казнето и никогаш да не се повтори.