Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Два активни пожара, три ставени под контрола

Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина Липково.

Ставени под контрола се пожарите во општините Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба. Станува збор за приземен пожар на планината Кожуф, опожарена мешана шума во „Јасен“, како и запалено ѓубриште во „Вардариште“.

Реклама

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Валандово, Делчево, Илинден, Кавадарци, Куманово, Липково, Радовиш, Свети Николе, Чешиново – Облешево. Останатите три биле во подрачјето на општина Струга.