Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски и Филипче позираат пред ефтини шминка мурали на запуштени згради 

Додека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и лидерот на СДСM, Венко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и лидерот на СДСM, Венко Филипче, се сликаат пред шарени ѕидови, вистинската слика на Центар е срам и рар доказ е токму „свечено промовираниот“ мурал на фасада која пропаѓа, со рѓосани огради, искршени прозорци и влага по ѕидовите, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешниот настан во Општина Центар.

Не е проблемот во младите уметници, напротив, тие заслужуваат поддршка и вистински услови. Проблемот е што Герасимовски и Филипче мислат дека со неколку бои може да го покријат срамот од децении запуштени згради, безбедносно небезбедни балкони и урбана запуштеност.

Ова не е грижа за Центар, ова е турбо-фолк бижутерија за политички пи-ар.

Реклама

Граѓаните не живеат во мурали, тие живеат во згради што пропаѓаат и во маала без инфраструктура.

Време е да се престане со лажниот сјај и да се почне со вистинска работа: реконструкции, инвестиции и подобрување на животниот стандард.

Токму ваквите ефтини претстави се причината зошто СДСM денес е делегитимирана и казнета од граѓаните, затоа што наместо реални решенија нуди фасадни маски и празни фотографии.

Центар бара дела, не позирања.