Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга, се наведува во соопштението од партијата.

Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.

„Наша цел е да ги споделиме нашите искуства и да ги направиме младите одважни. Младите мора да бидат двигател на одлуките во нашата политичка партија,“ – нагласи тој, истакнувајќи дека секоја иницијатива и промена мора да доаѓаат од младите, бидејќи токму тие носат нови идеи и енергија која ја движи Македонија напред.

Реклама

Димитриевски ги повика младите да бидат истрајни, храбри и подготвени да преземат одговорност.

„Фасциниран сум од бројката на млади кои се заинтересирани да ни се придружат и да ги споделат своите идеи и ставови со нас. Иднината на државата не може да ја креира никој ако не се тие млади луѓе. Тие се иднината на Македонија.“ – истакна тој, нагласувајќи дека потребна е нова енергија и нов пристап кон политичкото делување.

„Младите мора да бидат иновативни, креативни и активно вклучени во политичкиот живот,“ – потенцираше Димитриевски, додавајќи дека ЗНАМ има за цел да креира нови лица, визионери и вистински интелектуалци.

“Токму младите се најголемиот капитал на државата и тие не смеат да бидат набљудувачи, туку креатори на политиката и иднината на Македонија” – заклучи тој.

Движењето ЗНАМ ги повикува сите млади, во што поголем број, да се приклучат и да станат дел од оваа визија, да ја обликуваат иднината и да ја градат Македонија која сите ја заслужуваме.