Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Горан Антевски доби пофалница од Министерството за надворешни работи на Јапонија

На 28 август, Министерството за надворешни работи на Јапонија ги објави добитниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 28 август, Министерството за надворешни работи на Јапонија ги објави добитниците на пофалница од министерот за надворешни работи, за 2025 година.  Министерството за надворешни работи додели пофалници на индивидуалци и групи со извонредни достигнувања на меѓународно ниво за нивниот придонес кон унапредување на пријателството помеѓу Јапонија и други земји, се вели во соопштението од Јапонската амбасада.

Од Македонија, г. Горан Антевски (претседател на македонското здружение АОТС Алумни – Здружение за меѓународна техничка соработка и одржливи партнерства) е награден со пофалница за неговиот придонес во унапредувањето на взаемното разбирање меѓу Јапонија и Северна Македонија.

Г-н Антевски учествува во обука на АОТС во 2010 г. и истата година е назначен и за претседател на македонското здружение АОТС Алумни. Оттогаш, г-н Антевски со голема посветеност ги промовира обуките на АОТС во Македонија, придонесувајќи кон препознавање на важноста на обуките и зголемување на бројот на учесници од водечките македонски компании. Тој зема активна улога во процесот на селекција на учесници и често ги придружува во Јапонија, овозможувајќи успешна имплементација на програмата. Тој, исто така ја зајакнува координацијата на здруженијата АОТС Алумни во соседните земји. Г-н Антевски е голем поддржувач на јапонските културни настани и дава значителен придонес кон зајакнувањето на пријателството и взаемното разбирање меѓу Јапонија и Македонија.