Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да го потсетиме Османи дека првенците на ДУИ доставија бел лист хартија до ВМРО-ДПМНЕ на барања кои ќе ги исполнат само за да останат во владата

Во врска со ставовите на Османи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. – На Бујар Османи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со ставовите на Османи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. – На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ, подготвени да го исполна секое барање само за да останат во владата која беше поразена на избори. Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки.

Да потсетиме, и Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше. Кога Бујар Османи зборува за „аморфна маса“, токму тука е суштината на проблемот. ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.