Не било коректно да се споменува Еуровиа, еден од најголемите донатори на ДУИ, фирма која во 2022-ра дала најмногу пари во партијата на Али Ахмети, а потоа во 2023-та за организација на самитот на ОБСЕ доби речиси 2 милиони евра од Министерството за надворешни работи, тогаш предводено од Бујар Османи. Кандидатот за градоначалник на Чаир, во обид да се одбрани дека не сторил никаков криминал, реши да ги нападне новинарите, кои бараат одговори зошто фирмата од Желино била избраната да ги добие парите. Медиумските работници го напаѓале бидејќи слушале насоки од одредени партиски штабови.
-Прво не личи на новинарство, второ не личи на кампања во која треба да се натпреварувме за политики. Не е коректно прво да споменуваме имиња на компании, кои што се дел од економијата на државата, само затоа што противкандидатот така барал да се отвори таа тема. Ова правите упад во системот, затоа што им давате порака на граѓаните не верувајте во Обвинителството, не верувајте на Антикорупциска, верувајте на партиските штабови, изјави Османи.
Во договорот потпишан меѓу МНР и Еуровиа, вреден вкупно 1,8 милиони евра има одредени кои предизвикуваат сомнежи за сторен криминал. На пример фирмата од Желино наплатила 150 илјади евра за фарбање. Над 20 илјади евра се издвоени за механичко чистење на надворешниот простор на ВИП влезот на салата Борис Трајковски. Додека пак за машинско чистење на постоечки под со керамички плочки, линолеум, и друго се платени 5.000 денари по квадратен метар.

Според кандидатот за градоначалник на Чаир од Вреди, Изет Меџити Обвинителството мора да провери како за два дена се потрошени два милиони евра бидејќи според него видливо е дека се работи за голема кражба.
-Само Османи може да објасни како за два дена милион евра може да одат за рент а кар, само он може да објасни, имаше една ставка 200 денари косење на треба за метар квадратен. Ако оди по оваа цена, мисли вака да го менаџира Чаир значи за недела две ќе го потроши целиот буџет Чаир и така ако продолжи наставниците ќе ги остави без плати, да не збориме за капитални инвестиции, изјави Меџити.
Османи не сакаше да одговори дали по изборите неговата партија конечно ќе стане конструктивна опозиција. Запрашан за тоа, реши да говори на друга тема, дека ВМРО-ДПМНЕ едно говореле пред јавноста, додека преку пораки барале затоплување на односите со ДУИ.
-Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите, меѓутоа нашиот став сме го кажале, да не размислуваме дека ДУИ ќе прави пазар со влегување во Влада, излези еден, влези еден. Албанците нема да дозволат така некој да ги потчини, дека Албанците немаат право на одлучување, туку се една аморфна маса, во која што премиерот решава како на пазар, како на дуќанче, влези Влен, излези Влен, ќе влезе ДУИ, изјави Османи.
Меџити вели ваквите зборови на Османи се лага и веќе неколку пати видено сценарио во минатото, бидејќи ДУИ немале идеја што друго да понудат пред луѓето.
-Сака да се вади со некои скришни пораки, со некои декодирани пораки, не му е прв пат. Значи имаше случаеви порано, кога се повикуваше на некои јавувања, на некои јавувања, но никогаш не ги објасни, не можеа ни новинарите, ни граѓаните тие да ги видат. Немаат визија, тука се повикуваат на Борел, на Лајчак, како божем знае Борел каде е Чаир и каде е Скопје, изјави Меџити.
Инаку, Обвинителството ќе го чешла Бујар Османи и неговата организација на фамозниот самит на ОБСЕ. Тие отвориле предмет во врска со ревизорскиот извештај за работењето на јавното претрпијатие кое стопанисува и со салата „Борис Трајковски„, во кој, меѓудругото, се содржани и забелешките дека МНР и Османи не поднеле никакви документи и докази, односно нема трага каде и за што се потрошени цели 2 милиони евра народни пари, ниту каде е опремата која требаше да остане во наследство во салата.
Матеја Петровски
