Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стојкоски со отчет за четиригодишниот мандат: Она што порано се правеше за три години, денес го правиме за една

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го презентираше отчетот за реализираните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го презентираше отчетот за реализираните проекти во изминатите четири години и ја најави визијата за нов четиригодишен развоен циклус. 

Во своето обраќање, тој ги презентираше клучните капитални проекти реализирани во овој мандат:

-150 нови и реконструирани улици низ сите населби – повеќе од 142 милиони денари вложени, со дополнителни 100 улици и краци што ќе бидат изградени до крајот на мандатот.

Реклама

-Нова спортска сала во Хром – првата во ова училиште, вредна речиси 20 милиони денари.

-Осум нови спортски терени и реконструкции на постојните со современи подлоги и инфраструктура.

-Нова општинска зграда – дом на сите услуги на едно место, симбол на модерна и отчетна администрација.

-Реконструкција на улицата Радушка – најстарата во општината.

-Прв Регионален центар за деца кои го победиле карциномот – во просториите на старото училиште во Кучково.

-Нова детска градинка во Стопански двор со капацитет за над 150 деца.

-Пречистителна станица и колектор во Орман – трајно решение за отпадните води.

-Бесплатна градинка и оброци за 135 деца на семејствата на бранителите.

-Нов локален пат Волково – Орман, со инвестиција од 17 милиони денари.

Да се биде на чело на една општина како Ѓорче Петров, која во последниве години го доживува најголемиот подем во своето постоење, рече Стојкоски во своето обраќање, е огромна чест, одговорност и привилегија. 

-Нашата заедничка приказна е приказна за труд, чесност и дела што оставаат трајна вредност. Она што порано се правеше за три години, денес го правиме за една. Она што изгледаше недостижно, денес е реалност – нагласи Стојкоски.

Во делот на финансиското управување, градоначалникот истакна дека целосно биле отплатени наследените 4 милиони евра долг, вложени 300 милиони денари во капитални проекти и тројно зголемен буџетот на општината.

-Ова е само почеток и само дел од сработеното. Најавувам нови капитални проекти – изградба на нови детски градинки, проширување на училиштата, нови улици и модерна инфраструктурна мрежа што ќе го подигнат Ѓорче Петров на уште повисоко ниво на развој – рече Стојкоски пред граѓаните.

Градоначалникот додаде и дека наредните четири години ќе бидат исполнети со нови проекти, нови инвестиции и уште поголеми победи за сите граѓани на општината.

-Ѓорче Петров не е само општина – Ѓорче Петров е семејство. Заедно почнавме, заедно и ќе продолжиме. Веќе имаме визија и план за наредните години, а најважно ја имаме вашата поддршка. Ви благодарам на довербата- подвлече Стојкоски.